Конгресната полиција во Вашингтон ги истражува извештаите дека републиканскиот конгресмен Енди Харис вчера со пиштол се обидел да влезе во Претставничкиот дом на САД, јави телевизијата Ен-Би-Си
Група истакнати адвокати побараа од властите во Њујорк да му ја одземат лиценцата на Руди Џулијани за вршење на адвокатска работа, поради изнесените лаги за време на судските процеси поднесени од поранешниот американски претседател Доналд Трамп по претседателските избори во ноември
Меѓународниот договор за забрана на нуклеарно оружје стапува на сила денеска. Договорот е потпишан од 51 земја, објави „Гардијан“
Бројот на лица заразени со Ковид-19 ќе достигне 100 милиони до крајот на јануари, но вакцините имаат потенцијал да ја контролираат пандемијата
Нов министер за одбрана во администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ќе биде пензионираниот генерал Лојд Џеј Остин, кој беше командант на американските сили на Блискиот исток за време на владата на претседателот Барак Обама, и тој е првиот Афроамериканец на таа позиција
Вкупниот број на смртни случаи предизвикани од коронавирусот во Германија денеска го надмина прагот од 50.000, соопшти Институтот за инфективни болести „Роберт Кох“
Американскиот претседател Џо Бајден потпиша наредба според која сите што патуваат во САД со авион треба да имаат негативен тест за коронавирус пред да се качат и да бидат во карантин по пристигнувањето во земјата, јави ДПА
Израелски воени авиони утрово испукаа неколку ракети кон централна Сирија,јавија сириските државни медиуми, без да се споменуваат жртви
Водечкиот американск инфектолог Ентони Фаучи, советник во Белата куќа за пандемија на коронавирус, вчера призна дека му олеснило што повеќе не треба да му се спротивставува на Доналд Трамп
Американската компанија Гугл се закани дека ќе им ја одземе можноста на Австралијците да го користат тој пребарувач доколку Канбера не го измени својот предлог-закон, што има за цел да го обврзе интернет гигантот да им плаќа на медиумите за нивната содржина