Компанијата Кока – Кола ХБЦ соопшти дека претрпела еднократен финансиски удар од 190 милиони евра во првата половина годинава, поради трошоци поврзани со работа во Русија, каде ја запре продажбата на пијалакот по нападот на Москва врз Украина
Летонските пратеници денеска усвоија изјава со која ја прогласија Русија за „држава спонзор на тероризмот“ и нагласија дека нејзините акции во Украина претставуваат „насочен геноцид врз украинскиот народ“
Машко лице, за кое се верува дека е член на терористичката ќелија на ИД, „The Beatles“, е обвинето за тероризам по апсење во Велика Британија, соопшти денеска британската полиција
Вкупните цени на храната во САД во јули се зголемени за 10,9 отсто во споредба со истиот месец минатата година
Вооружените сили на Тајван денеска ги завршија дводневните воени вежби на артилериските единици на југот на островот, објавија воени претставници
Министерството за надворешни работи на Украина постигна начелен договор со Швајцарија за застапување на украинските интереси на територијата на Русија
Сателитските снимки американската „Планет лабс“ покажуваат големо оштетување на авиобазата на Крим и неколку уништени руски воени авиони по експлозиите што се случија пред два дена, јави Би-би-си
Нивото на реката Рајна деновиве може да падне под критичното ниско ниво, предупредија германските власти, што го отежнува транспортот на стоки – вклучително јаглен и бензин – во време кога Европа е зафатена од суша и енергетска криза
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун прогласи победа во борбата против коронавирусот три месеци откако соопштија за првиот случај на заболено лице
Германскиот канцелар Олаф Шолц е убеден дека неговата земја успешно ќе ја надмине кризата со природен гас