Шпанските власти соопштија денеска дека за едно деноноќие има нови 3800 заразени со новиот коронавирус.
Бројот на заразени со новиот коронавирус во Африка надмина 1.000, според податоците на Африканските центри за контрола и превенција на болести.
Четворица министри во Владата на Буркина Фасо се позитивни на коронавирусот, соопшти владиниот портпарол, додека бројот на заразени во таа западноафриканска земја се искачи на 64.
Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 290.897 луѓе заразени со новиот коронавирус.
Веќе една недела припадници на силите за заштита и спасување ги дезинфицираат возилата што се движат на кризното подрачје во Дебар и Центар Жупа.
Бројот на жртвите од коронавирусот во Грција се искачи на 13, а во изминатите 24 часа регистрирани се 35 нови случаи, со што бројот на лица заразени со Ковид-19 достига 530, од кои повеќето се во грчката престолнина.
Националниот институт за јавно здравје на Словенија потврди дека во земјата бројот на заразени лица со коронавирусот се зголемил на 383, јави дописникот на МИА од Љубљана.
Властите во Турција ги засилија мерките против ширењето на коронавирусот со суспендирање на летовите со уште 46 земји, а меѓу нив е и Македонија.
Кинеските компании ја обновија работата на повеќе од 89 отсто од клучните инфраструктурни објекти што беа затворени за време на борбата против коронавирусот во земјата
Властите во Казахстан, Киргистан, Узбекистан и Туркменистан најавија построги мерки заради спречување на ширењето на коронавирусот, бидејќи расте бројот на заразени во Централна Азија