Државниот секретар на САД Мајк Помпео изјави дека потенцијалната посета на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Белата куќа не е условена со отворање истрага против синот на поранешниот американски потпретседател Џо Бајден.
Американскиот Стејт департмент и Јапонија ги предупредија своите граѓани да не патуваат во Кина, каде што бројот на починати од новиот коронавирус се зголеми на 213, и откако Светската здравствена организација прогласи вонредна здравствена состојба на глобално ниво поради коронавирусот.
Индиската полиција спаси 23 деца на северот на земјата, откако уби маж, кој ги држел децата како заложници речиси 11 часа.
Повеќе од 130 лица заболени од коронавирус се излекувани, изјави постојаниот претставник на Кина во Обединетите нации, Џанг Ѓун
Велика Британија, која денеска ја напушта ЕУ, останува „партнер и пријателска земја“, но Унијата ќе биде „многу одлучна“ во своите преговори со Лондон, изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел
Американскиот државен секретар Мајк Помпео пристигна во посета на Украина, каде ќе има средба со претседателот Володомир Зеленски, со премиерот и со претставници на власта и на невладините организации
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска го обвини американскиот финансиер Џорџ Сорос и неговата мрежа за организирање на миграцијата низ целиот Балкан, пренесе унгарската агенција МТИ
Кога часовникот ќе отчука полноќ по средноевропско време, Велика Британија после 47 години ќе ја напушти Европската унија, а премиерот Борис Џонсон ќе ја пречека „зората на новата ера“ и ќе порача дека Брегзит не значи „крај, туку почеток“
Најмалку две лица учествувале денеска во кражба во уметничка галерија во центарот на Стокхолм, Шведска, соопшти полицијата
Австралиските власти прогласија вонредна состојба во и околу главниот град Канбера, каде постои ризик од неконтролиран пожар, за чие ширење придонесуваат и високите температури и силниот ветар