Данската Влада сака да ја зголеми воената контрола врз Арктичкото Море и воздушниот простор како одговор на зголемената руска активност во регионот
Маларијата е болест од која и понатаму секоја година заболуваат милиони луѓе и од чии последици животи губат околу 400.000 луѓе, претежно деца во Африка, најмногу затоа што борбата против инфекцијата е во застој, соопшти Светската здравствена организација
Конгресот на САД почнува со клучна фаза на почнување постапка за отповикување на американскиот претседател Доналд Трамп поради наводните обиди за вклучување на Украина и изборниот процес
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во пресрет на самитот на НАТО вечерва во Лондон имаше средба со Ангела Меркел, Емануел Макрон и Борис Џонсон.
Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека е оптимист пред самитот на НАТО, и покрај недоразбирањата меѓу членките за состојбите во Алијансата.
Кен Стар, независен советник кој приложуваше докази за време на импичментот на поранешниот американски претседател Бил Клинтон, укажа дека е „скандалозно“ и „шокантно“ тоа што импичмент на претседателот Доналд Трамп се спрема додека тој присуствува на самитот на НАТО.
САД се уште должат 491 милион долари во буџетот на ОН, изјави портпаролот на генералниот секретар на светската организација, Стефан Дужарик.
Преговорите меѓу израелската владејачка партија „Ликуд“ на премиерот Бенјамин Нетанјаху и опозициската „Сино и бело“ на Бени Ганц повторно завршија без резултат, пишува локалниот весник „The Times of Israel“.
Камала Харис, учесничка во трката за номинацијата на претседателски кандидат од Демократската партија, најави крај на својата кампања.
Истражувачкиот центар „Адоуб Аналитикс“ објави резултати од малопродажните предбожиќни распродажби во САД на „кибер понеделник“, 2 декември. За време на вчерашниот ден продажбите на мало во земјата достигнале рекордна сума од 9.4 милијарди долари, или 19.7 отсто повеќе од лани.