На кратка церемонија во Брисел претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, му ги предаде своите надлежности на прв човек на најбитниот политички орган во ЕУ на неговиот наследник, поранешниот белгиски премиер, Шарл Мишел, пренесоа светските агенции
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган планира да постигне договор со Велија Британија, Франција и со Германија за добивање средства за Анкара за нејзината политика кон Сирија, вклучително и враќање на бегалците во Сирија
Невработеноста во Германија е на најниско ниво од обединувањето на поранешна Источна и Западна Германија во 1990 година, објави денеска германската Федерална агенција за вработување
Остатоци од добро сочуван „џиновски глушец”, современик на диносаурусите во мезозојската ера, се откриени во камен североисточна Кина
Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека Велика Британија ќе ја напушти Европската унија најдоцна до 31 јануари, доколку неговата Конзервативна партија добие мнозинство на изборите за две недели
Распоредувањето американска воена техника во еден од главните центри за производство на нафта во Сирија, во регионот Румејлан, во провинцијата Хасеке, води кон ескалација на тензиите во земјата, изјави специјалниот претставник на рускиот претседател Владимир Путин за земјите од Блискиот исток и Африка, заменик министерот за надворешни работи, Михаил Богданов, пренесе Тасс
Спасувачкиот брод „Океански Викинг“ спаси 60 мигранти во близина на брегот на Либија, соопштија двете добротворни организации што управуваат со бродот
Црноморската флота на Русија ќе биде засилена со 16 бродови што треба да бидат ставени во функција до крајот на 2020 година, информира вицеадмиралот на руската морнарица Игор Осипов
Пожарите во Амазонските прашуми, најверојатно, го забрзаа топењето на глечерите на Андите, потенцијално загрозувајќи снабдување со вода за десетици милиони луѓе, соопштија денеска научници
Се поголем број мигранти последниот месец се обидуваат илегално да влезат од Србија во Унгарија, изјави шефот на кабинет на унгарскиот премиер, Ѓерѓерли Гуљаш