Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 252.850 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 10.405, а оздравеле 89.061 лице.
Бројот на излекувани од коронавирусот во Русија се зголеми на девет, се наведува во соопштението на руското Министерство за здравство.
Две лица се уапсени откако изутринава намерно влетале со автомобил во внатрешноста на терминалот 1 на аеродромот во Барселона, соопшти преку Твитер каталонската полиција, додавајќи дека нема повредени во инцидентот.
Владата на Романија одлучи да ги казни сите кои не ги почитуваат мерките со затворска казна од три години затвор. Доколку тој што не ги почитува мерките и со своето однесување зарази некого, добива затворска казна од пет години.
Во Австралија денеска е одлучено за пет месеци, до октомври, да се одложи усвојувањето на федералниот буџет, со образложение дека заради пандемијата од коронавирусот е невозможно да се изврши чуствителната економска прогноза.
Во телевизиското обраќање до нацијата по повод почетокот на Иранска нова година, врховниот верски лидер, ајатолах Али Хамнеи истакна дека американските санкции поридонеле Иран да стане самоодржлива држава.
На повозрасните лица во швајцарскиот кантон Ур од денеска им е дозволено да излезат од своите домови само на два часа и тоа поради шетање на свеж воздух, а ќе бидат обезбедувани од полицијата
Втор ден по ред во Кина нема пријавен ниту еден случај на новозаразен со коронавирус од локално потекло, иако бројот на увезени случаи со заразата достигна рекорд
Италијанските власти ја разгледуваат можноста да воведат построги забрани за движење откако податоците на телекомуникациските компании покажале дека и натаму на улиците има премногу луѓе
Директорката на регионалната канцеларија на Светска здравствена организација во Африка, Мачидисо Моети изјави дека новиот коронавирус многу брзо се шири во Африка и се заканува континентот со население од 1,3 милијарди луѓе да го претвори во нов фронт против пандемијата