Британската кралица Елизабета (93) денеска соопшти дека кралското семејство ќе даде свој придонес во борбата против ширењето на коронавирусот.
Францускиот министер за економија и финансии, Бруно Ле Мер предупреди денеска дека сегашната пандемија е закана за еврозоната и „политичката иднина на континентот“.
Повеќе од 99 проценти од жртвите на коронавирусот во Италија се луѓе кои веќе имале некоја друга болест, покажа истражување на здравствените власти во земјата.
Лекарите од Клиниката за инфективни болести во Џенова соопштија дека со експериментален лек успешно излекувале 79-годишен маж заразен со коронавирусот, јави дописникот на МИА.
Уште четворица пациенти со потврдена коронавирусна инфекција се испишани од Инфективната болница во Москва, соопштија руските здравствени власти.
Европската Комисија соопшти дека придонела за 75 отсто во летовите за репатријација на европските граѓани, блокирани надвор од нивната држава за време на кризата со коронавирусот.
Германија ќе ги мобилизира воените резервисти за борба против ширењето на коронавирусот, изјави денеска министерката за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер.
Принцот Алберт Втори од Монако е позитивен на новиот коронавирус, соопшти палатата на кнежевството.