Францускиот министер за здравство Оливие Веран оцени дека граѓаните ја разбрале сериозната состојба во која се наоѓа нивната земја, ова при првиот ден од целосната забрана за непотребно движење, што очигледно се почитува
Претседателот на Иран, Хасан Рохани денеска изјави дека Техеран одговорил и ќе одговара на убиството на генералот Касим Сулејмани
Австрискиот канцелар Себастијан Курц оцени дека ефектите од новиот коронавирус ќе се чувствуваат многу месеци и дека по борбата со овој вирус, светот ќе изгледа целосно поинаку
Неколку Амбасади на САД во светот ги стопираа рутинските услуги за издавање на визи од предострожност, соопшти Американската амбасада во Јужна Кореј
Приходите од нафта и гас на земјите во развој би можеле да достигнат најниско ниво во последните повеќе од две децении, доколку потрае сегашната состојба на пазарот на енергенти, предупредуваат Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) и Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) во заедничко соопштение
Службата на ЕУ за борба против дезинформации констатира дека руските и проруските медиуми шират лажни информации за коронавирусот
Руската компанија „Конкорд“, обвинета дека била вмешана во претседателските избори во 2016 година во САД, на кои победи сегашниот претседател Доналд Трамп, порача дека извојувала победа. Компанијата соопшти дека ќе бара 50 милијарди долари отштета заради незаконската постапка што против неа ја покрена американското правосудство и на крајот се повлече од постапката
Јапонецот од градот Гамагори, кој намерно го ширеше Ковид-19 почина во болница, каде што беше хоспитализиран
Претседателката на Европска комисија Урсула фон дер Лајан изјави дека политичарите го потцениле степенот на опасност од епидемијата на новиот коронавирус
Препаратот против грип „Фавипиравир” (познат и како „Авиган”) се покажал клинички ефикасен при лекувањето на заболени од новиот вид коронавирус, соопшти шефот на Центарот за биотехнологии на кинеското Министерство за наука и техника, Чан Синмин