Ханс Анри Клуге, регионален директор на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, изјави денеска дека Европа добро се справува со епидемијата на Ковид-19 и истакна дека заразата може да се надмине со солидарност и дисциплина.
Франција од утре ја ограничува продажбата на парацетамол, соопштија властите.
Белгискиот Национален безбедносен совет од утре напладне воведува построги мерки на социјална изолација за да го спречи ширењето на Ковид-19.
Градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио изјави дека градот може да бара жителите да останат во своите домови во наредните 48 часа, и да одат надвор само за основните потреби.
Европската унија ги запира сите непотребни влегувања на странци во блокот 30 дена за да го спречи ширењето на новиот коронавирус.
Во Шпанија во изминатите 24 часа од новиот коронавирус починаа 168 лица со што бројот на жртви сега е 510.
Британската кралица Елизабета Втора откажа забави во градината во Бакингемската палата во Лондон и ќе го напушти главниот град в четврток.
Италијанското Министерство за внатрешни работи издаде нова наредба за движење на Италијанците за време на епидемијата на новиот коронавирус.
Во седиштето на ОН во Виена потврден е прв случај на зараза со Ковид-19 беше, а здравствената служба на седиштето на организацијата објави дека инфекцијата е потврдена кај чистачка вработена од компанија надвор од системот на ОН.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека ЕУ секојдневно работи на сите полиња заради запирање на пандемијата на Ковид-19, вклучително и поддршка за истражување и производство на вакцини.