Франција е подготвена да национализира големи компании „доколку е неопходно“, со цел да се заштити економијата од штетите кои ќе ги предизвика пандемијата од коронавирусот, изјави министерот за финансии Бруно Ле Мер
Последните информации од здравствените власти на Белгија за потврдениот број на заразени од Ковид-19 покажуваат дека епидемијата не стивнува
Австрија донесе одлука од полноќ да ги затвори речиси сите помали гранични премини кон соседна Словенија
Словачка планира да ја затвори границата со Полска поради епидемијата на коронавирусот
Непознати лица украле 50.000 маски за лице од магацин за медицински материјали и заштитна опрема во германскиот град Келн
Цените на фјучерсите на Волстрит и на европските берзи од утрово бележат раст по вчерашните катастрофални загуби
Во Русија бројот на излекувани од коронавирусот се зголеми на пет лица, соопшти денеска Министерството за здравство во Москва
Кинеското Министерство за надворешни работи денеска реагираше на твитот на американскиот претседател Доналд Трамп, во кој Ковид-19 го нарече „кинески вирус“
Женева – Светската здравствена организација во последните 24 часа ширум светот регистрира вкупно 13.903 нови потврдени случаи на заразени со коронавирус и 862 смртни случаи.
Иран привремено ослободил околу 85.000 затвореници, вклучувајќи ги и политичките затвореници, како одговор на пандемијата од коронавирусот, соопшти денеска портпаролот на Министерство за правда