Во Ерменија под целосен карантин е ставен градот Багаршапат, што има околу 46.000 жители, со цел да се запре ширењето на новиот коронавирус, соопшти денеска премиерот Никол Пашињан.
Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 175.438 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 6.714, а оздравени се 77.867.
Рускиот премиер Михаил Мишустин денеска издаде наредба до крајот на утрешниот ден да се подготви планот со приоритетни акции заради ширењето на коорнавирусот.
По информациите дека турските власти ги вратиле во Турција бегалците кои се наоѓаа на турско-грчката граница, Европската комисија ја потврди информацијата
Лидерот на центристичката коалиција „Сино и бело“, Бени Ганц, од претседателот на Израел Рувен Рувлин го доби мандатот за формирање нова израелска Влада
Францускиот орган за конкуренција повторно казни еден американски гигант. По изрекувањето казна од 150 милиони евра на Гугл за злоупотреба на доминантната позиција во декември 2019 година, истото сега се повторува и за „Епл“
Кинескиот милијардер и сопственик на компанијата Алибаба, Џек Ма ќе им донира на САД еден милион заштитни маски и 500.000 тестови за коронавирусот
Здравствените власти на Белгија соопштија дека денеска се регистрирани дополнителни 172 случаи на заразени од коронавирусот Ковид-19
Белата куќа од денеска воведува нови мерки со цел да го заштити претседателот Доналд Трамп и неговиот персонал за време на епидемијата со новиот коонавирус, меѓу кои и мерење на телесната температура на секој кој ќе влезе во комплексот, од посетители до новинари
Федералните резерви на САД вчера ја намалија својата референтна каматна стапка на нула и почнаа масивна програма за квантитативно ублажување во износ од 700 милијарди американски долари за заштита на економијата од ефектите на пандемијата на новиот коронавирус