Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека пандемијата на коронавирусот претставува „тест за луѓето и економијата“ и оцени дека ЕУ ќе издржи таков „шок“ под услов да е „одлучна, координирана и обединета“
Иранските безбедносни сили ќе ги испразнат градските улици во следните 24 часа во обид да го спречат ширењето на новиот коронарнавирус, јави новинската агенција ИРНА
Падот на побарувачката за воздушен сообраќај во САД е најголем од 11 септември 2001 година
Министерот за економија на Германија, Петер Алтмаер не исклучи времено национализирање на определени компании ако тоа е единствен начин за поддршка во ситуација на пад на меѓународните синџири за испорака
Министерството за здравство на Кипар, утрово соопшти дека се потврдени четири нови случаи на коронавирусот, со што вкупниот број на заразени, изнесува 14
Соочена со епидемијата на коронавирус, француската Влада одлучи да не ги одложува општинските избори од 15 и 22 март. Но, за да се обезбеди непречено одвивање и да се избегне големо неизлегување што веројатно ќе биде важно заради загриженоста на населението, преземени се соодветни мерки за да се уверат гласачите дека е направено сé за да се олесни гласањето
„Дете умира на секои 10 часа како резултат на војната во Сирија, соопшти денеска УНИЦЕФ и поднесе официјално барање за помош на сириските деца
Вршителот на должноста романски премиер Лудовик Орбан денеска соопшти дека заминува во самоизолација бидејќи бил во контакт со сенаторот Вергил Читаку, кој бил позитивен на коронавирус
Словачка ги затвори копнените граници како дел од мерките за спречување на ширењето на новиот коронавирус, со што се суспендирани нормалните правила на Шенген зоната
Јапонскиот Парламент денеска донесе закон со кој му се овозможува на премиерот, за време на вонредна состојба, да ги затвори училиштата, да забрани јавни собири и итно да набавува медицински материјали за борба против епидемии, во случајов новиот коронавирус