Основните и средните училишта во Турција ќе бидат затворени две недели, а образованието на децата ќе продолжи преку онлајн настава како дел од мерките на претпазливост што ги презема Турција против новиот вид на коронавирус, соопшти турскиот министер за образование Зија Селчук
Белгиското Министерство за здравство потврди дополнителни 153 случаи на заразени со новиот коронавирус во државата
Ден по стапувањето на сила на мерките по прогласувањето на епидемија на коронавирус, замре социјалниот живот во Словенија
Лидерот на конзервативната Ликуд партија, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, и неговиот главен политички противник, лидерот на сојузот од партии на центарот „Сино и бело“, Бени Ганц, доцна синоќа разговарале за надминување на меѓусебните разлики за да можат да се занимаваат со спречување на ширењето на заразата од коорнавирус во земјата
Инфлацијата во Германија остана непроменета во првите месеци од 2020 година и покрај зголемувањето на цените на храната и енергијата
Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 138.153 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив, починати се 5.080, а оздравеле 70.716.
Сите 85 руски регионални парламенти гласаа за уставните амандмани што ќе му овозможат на Владимир Путин повторно да се кандидира за претседател по истекот на неговиот актуелен мандат во 2024 година, изјави пратеникот Андреј Клишас
Австралискиот министер за внатрешни работи Питер Датон денеска изјави дека тестовите покажале дека е позитивен на коронавирус
Појаснувањето го даде министерот за здравство Оливие Веран, по вчерашната одлука на францускиот претседател Емануел Макрон
Постојаната претставничка на САД во Обединетите нации, Кели Крафт, најави дека кон крајот на месецот ќе се суспендира сета хуманитарна помош за подрачјата од Јемен што се под контрола на бунтовничкото движење Хуси, што е поддржано од Иран, јави агенцијата Анадолија