Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 127.810 луѓе заразени со новиот коронавирус. Починати се 4.717, а оздравеле 68.335.
Американскиот потпретседател Мајк Пенс денеска изјави оти очекува повеќе од илјада случаи на новиот коронавирус во САД, како и дека се бара поинтензивно тестирање.
Британскиот министер за финансии Риши Сунак денеска ја критукуваше одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го забрани доаѓањето на Европејците во САД во борбата против новиот коронавирус, оценувајќи дека ефикасноста на таквата мерка, која не ја опфаќа Велика Британија, не е „докажана“
Директорот на Светска здравствена организација Тедрос Адханон Гебрејесус денеска апелираше до земјите „двојно“ да ја зголемат борбата против пандемијата на новиот коронавирус
Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска изјави дека за една недела се очекува бројот на заразени со новиот коронавирус во Австрија да надмине 10.000 луѓе.
Шпанскиот премиер Педро Санчез, почнувајќи од денеска, сите свои состаноци ќе ги оддржува преку видео конференциска врска, откако на министерската Ирена Монтеро и беше потврдено присуството на коронавирус, се наведува во соопштението на владата
Анкара не размислува за можноста за повлекување на своите воени сили од Идлиб каде се наоѓаат 12 набљудувачки позиции, изјави турскиот министер за одбрана Хулуси Акар
Белгиското Министерство за здравство денеска потврди нови 85 случаи на заразени во Ковид-19
Цената на нафтата на светските берзи е во пад поради несогласувањата помеѓу Саудиска Арабија и Русија
Претседателите фон дер Лајен и Мишел изразија несогласување со одлуката на американската администрација да ги забрани летовите кон и од земјите на ЕУ во наредните триесет дена поради коронавирусот