Цените на акциите на азиските берзи денеска забележаа голем пад, како и индексите на Волстрит, додека индексите на европските берзи паднаа на најниско нови од средината на 2016 година
Гринпис ја предупреди Европската унија дека ако сака да ги исполни своите цели за намалување на глобалното затоплување, во наредните триесет години производството и консумацијата на месо ќе треба да се намали за 81 отсто
Поранешниот филмски продуцент Харви Вајнштајн, кој вчера беше осуден на 23 години затвор поради сексуални напади и силување, е пренесен во болница поради болки во градите
Демонстрантите кои ја доведуваат во прашање хиндуцентристичката визија на премиерот Нарендра Моди за Индија свесно го евоцираат наследството од национална икона: Мохандас К. Ганди кој сакаше земја во која живеат заедно хиндусите и муслиманите, а секуларната влада го одржува мирот
Словачкиот премиер Петер Пелегрини изјави дека ставот на Православната црква во земјата е неодогворен и некоректен
Какви мерки преземаат дел од најголемите светски економии во обид да се справат со негативните последици од ширењето на новиот коронавирус
Во воздушни напади врз позициите на проиранските сили на истокот од Сирија загинале 26 борци, соопшти сирискиот Центар за мониторинг на човековите права
Луѓе од врвот на американскиот банкарски систем се сретнаа во Белата куќа со претседателот Доналд Трамп, а нивната порака на средба била дека американските банки се доволно силни и подготвени да им помогнат на малите компании и на граѓаните доколку продолжи ширењето на коронавирусот, пренесоа британските медиуми
Европската унија денеска ќе ја процени одлуката на САД за забрана за патување од Европа наметната од американскиот претседател Доналд Трамп, нагласи претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел. Тој додаде дека „економско нарушување мора да се избегне“
Двајца американски и еден британски војник загинале, а уште десетина други се ранети во синоќешниот ракетен напад врз ирачката воена база „Ал-Таџи“, на 15 километри северно од Багдад