Претендентот за претседателски кандидат од редовите на Демократската партија, Џо Бајден, влезе во препирка со работник во фабрика за автомобили во Детроит, одговарајќи на прашање дали во случај да биде избран, планира да го одземе правото на Американците да носат оружје.
Светската здравствена организација (СЗО) сè уште не го означила ширењето на коронавирусот како пандемија, а тоа не го направи ниту Американскиот центар за контрола и спречување на болести (ЦДЦ).
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека не се тестирал на коронавирус и прецизираше дека нема симптоми на болеста, како и дека бил прегледан од лекар во Белата куќа.
Специјалниот известувач на ОН за правата на човекот во Иран, Џавид Рехман, денеска изјави дека го замолил Техеран привремено да ги ослободи сите затвореници, додавајќи дека „жално и загрижувачки“ е да продолжи да ги држи политичките затвореници во затворите по избувнувањето на епидемијата од новиот коронавирус.
Лидерот на венецуелската опозиција Хуан Гуаидо ги предводеше своите приврзаници во протестен марш во Каракас, со цел да да го заземат објектот на националното собрание каде контролата ја имаат провладини пратеници.
Администрацијата на Доналд Трамп денеска пред Конгресот ќе излезе со предлози за стимулација на американската економија, по неизвесноста на пазарите околу ширењето на коронавирусот.
Дури 93 отсто од вкупно заболените од коронавирусот во светот се од четири држави, соопшти денеска Светската здравствена организација, со проценка дека мнозинството од пациентите ќе се излекуваат.
Во САД денеска се гласа во шест сојузни држави за уште едни примарни избори за номинација на претседателски кандидат од Демократската партија.
Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, кој се наоѓа во посета на Флорида, денеска оцени дека заканата од новиот коронавирус не е многу голема и се обиде да ги намали последиците од нејзиниот удар врз берзите низ целиот свет, пренесоа француските медиуми.
Окружниот суд во Ерусалим го отфрли денеска барањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да му се одложи почетокот на судењето за корупција, нагласувајќи дека тоа ќе почне според планот следната недела.