Плоштадот Свети Петар и истоимената базилика во Ватикан ќе бидат затворени до 3 април за посети на туристите и групи со водичи заради епидемијата од коронавирус во Италија, но верниците ќе можат единечно да влегуваат во базиликата на молитва, соопшти денеска Ватикан.
Намалку едно лице погина во експлозија во хемиска постројка во Ла Вернеди, предградие на Барселона, соопштија денеска на Твитер локалните служби за вонредни состојби.
Пред видео самитот на шефовите на држави и влади на ЕУ што се одржува попладнево во Брисел и на кој еднинствена точка е борбата против Ковид-19, претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен имаше свое видео обраќање на кое ги најави темите на кои ќе се разговара, јави дописничката на МИА во Брисел.
Во Белгија денеска се регистрирани 28 нови случаи на лица заразени од коронавирусот. Со тоа вкупната бројка на заболени достигна 267.
Шефот на кабинетот на Емануел Макрон, Патрик Строзда, ќе биде тестиран за коронавирус во вторник или среда, откако беше во контакт со заразено лице минатата недела, изјави извор во Елисејската палата, јави дописникот на МИА.
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека го поддржува предложениот уставен амандман што ќе му овозможи да се кандидира на претседателските избори и да остане на власт.
Американскиот претседател Доналд Трамп нема да дојде во Москва на 9 мај, на прославата на денот на победата во Втората светска војна, соопшти денеска Кремљ.
За само неколку часа здравствените власти во Словенија потврдија шест нови случаи на лица заразени со коронавирус, јави дописникот на МИА од Љубљана.
Шпанскиот Парламент, по вторпат во последните две години, го одби барањето на неколку партии да се отвори истрага на деловните активности на поранешниот крал Хуан Карлос.
Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 118.002 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починале 4.264 лице, а 65.103 оздравеле.