Бундестагот со големо мнозинство го отфрли барањето на Зелените за прифаќање 5.000 бегалци од грчки острови, објавија германските медиуми
Климатската активистка, Грета Тунберг, утрово им се обрати на министрите за животна средина на Европската Унија и им порача дека амбициите и целите на ЕУ за намалување на затоплувањето на планетата се далеку од доволни
Авион на авиокомпанијата Туркиш ерлајнс се врати денесека во Истанбул без патници, по наредба на властите во Сингапур, откако патник кој пристигна со истиот авион во вторникот беше позитивен за коронавирус
На крузерот „Гранд принцес“, на кој претходно имало двајца патници заразени со новиот коронавирус, не му е дозволено да се врати во пристаништето во Сан Франциско од каде тргна на нов пат кон Хаваите, откако 20 лица пријавиле симптоми слични на коронавирус
Возот ТГВ што го поврзува Стразбур со Париз излета од шините изутринава во 7:30 часот, во близина на Ингенхајм во Докна Рајна, десет лица се повредени меѓу кои и машиновозачот
Австрискиот канцелар Себастијан Курц истакна дека постои тројна безбедносна мрежа за да не се повтори мигрантската криза од 2015 година, која предвидува мигрантите да бидат запрени на Западен Балкан доколку ја пробијат грчката граница
Претставници на Опек настојуваа на состанок во Виена Русија дополнително да се намали производството за да се зголемат цените на нафтата кои од почетокот на годината се намалија за петтина поради епидемијата со новиот коронавирус
Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун во лично писмо до претседателот на Јужна Кореја Мун Јае Ин изрази надеж дека Јужна Кореја ќе ја надмине епидемијата на коронавирус, соопшти кабинетот на Мун
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Алијансата проценува како да и помогне на Турција, која во северна Сирија се судира со сириските сили, поддржани од Русија
Гувернерот на Калифорнија Гавин Њусом прогласи вонредна состојба поради коронавирусот во државата, каде досега има 53 потврдени случаи