НАТО сака да го намали бројот на свои војници во Авганистан од 16.000 на 12.000, изјави генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг за германски ЗДФ
Националното собрание на Франција, доцна синоќа ги отфрли двете барања поднесени од левицата и десницата да и се изгласа недоверба на владата на Едуар Филип, која го искористи членот на 49-3 од Уставот да го усвои нацрт законот за пензиски реформи во прво читање
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа телефонски разговарал со главниот преговарач на авганистанските талибанци, мулата Барадар Ахунда
Најмалку 22 лица погинаа во торнадото што го погоди градот Нешвил и државата Тенеси, во САД, а 50.000 домаќинства и компании останаа без електрична енергија
Украинскиот премиер Олексеј Хончарук вчера поднесе оставка, а ќе го замени неговиот досегашен заменик премиер Денис Шмигал
Во моментов има вкупно 90.893 пријавени случаи на Ковид-19 на глобално ниво, и 3.110 смртни случаи, соопшти синоќа СЗО
Светската банка издвоила 12 милијарди долари за пaкетот итна помош на земјите погодени од коронавирусот за да ги ублажат економските последици од епидемијата
Поранешниот потпретседател Џо Бајден синоќа на гласањето во таканаречениот супер вторник доби мнозинство од 14 сојузни држави за изборите за демократска претседателска номинација, но сенаторот Берни Сандерс ги доби Калифорнија и можеби Тексас и освои најголем број делегати
Шпанските власти денеска соопштија за прв смртен случај од Ковид-19 во земјата. Станува збор за маж кој починал минатиот месец во источниот регион на Валенсија.
Бројот на смртни случаи од новиот коронавирус во Италија се зголеми за 27 во последните 24 часа и сега изнесува 79, соопшти денеска италијанската служба за цивилна заштита.