Рускиот претседател Владимир Путин оцени дека оние кои одат на недозволени протести треба да бидат подготвени да „дремат“ во затвор и да им бидат избричени главите при доаѓањето во таква установа.
Странски хакери се поврзале со компјутерската мрежа во канцеларијата на чешкиот претседател и неколку месеци одземале информации со непозната содржина, објави чешката државна телевизија, повикувајќи се на Службата за заштита на личните информации.
Европската Комисија (ЕК) соопшти дека ќе додели дополнителни 31 милион евра хуманитарна помош за бегалците Рохинџи во Бангладеш и Мјанмар.
Русија не може да пружи придонес за решавање на проблемот со миграцијата од Сирија на штета завршување на војната против тероризмот, изјави денеска шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во Хелсинки по средбата со финскиот министер за надворешни работи Пека Хавист.
Во Франција е регистриран четвртиот смртен случај од Ковид-19, а истовремено бројот на заразените се зголеми на 204 случаи, јави дописникот на МИА.
Претставници на централните банки и министрите за финансии од земјите на Г7 денеска соопштија дека се подготвени да преземат соодветни мерки, вклучително и фискални кадешто е потребно, за да помогнат во одговорот на новиот коронавирус и за поддршка на светската економија.
Претседателот на САД Доналд Трамп ја повлече номинацијата на Елен Мекаскер, потсекретар во министерството за одбрана, за директор за финансии и ревизија во Пентагон, соопштија некои американски медиуми.
Иран привремено ослободи повеќе од 54.000 затвореници во обид да се бори против ширењето на новиот коронавирус во преполните затвори, јави Би-Би-Си.
Околу 3,4 проценти од луѓето кај кои е потврден Ковид-19 починаа, што е далеку повеќе од стапката на смртност од сезонски грип, што е под еден процент, но ширењето на новиот коронавирус може да се запре, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).
Од торнадото кое изутринава го погоди Тенеси, загинаа најмалку 22 лица, повеќемина се повредени, а околу 50 илјади домаќинства и бизниси останаа без струја.