Иранскиот Парламент денеска донесе одлука за прекин на работата заради коронавирусот, информира портпаролот на президиумот на Законодавниот дом, Асадула Абаси, цитиран од агенциите.
На јапонскиот остров Хокаидо денеска е прогласена вонредна состојба поради брзото ширење на новиот коронавирус.
САД во моментов не е вклучена во непријателства кон Иран и на Техеран му понуди техничка помош во справувањето со епидемијата од новиот коронавирус, изјави американскиот државен секретар, Мајк Помпео.
Во пожар што рано утринава избил во станбена зграда во иранскиот град Комо починале најмалку пет лица , меѓу кои и едно двегодишно дете, а 38 лица се поврдени
По ескалацијата на насилството во сириската провинција Идлиб неименуван турски претставник изјави дека Турција нема повеќе да ги задржува бегалците од Сирија кои сакаат да побараат азил во земјите-членки на Европска Унија
Помеѓу 30 и 40 унгарски државјани се ставени во карантин на туристички брод во Мексико под сомнение дека се носители на коронавирус, соопшти унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто на денешната прес-конференција
Претседателите на Русија и Турција Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган за време на телефонскиот разговор се договорија дека е потребно да се воведат нови мерки за да се намалат тензиите и да се нормализира ситуацијата во северозападна Сирија, соопшти Кремљ
Епидемијата на новиот коронавирус добива сè пошироки размери, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО), откако Нигерија го потврди првиот случај на коронавирус во супсахарска Африка, повторувајќи го предупредувањето дека вирусот „може да дојде во повеќето, ако не и во сите земји“
Вредноста на акциите на азиските берзи петти ден по ред опаѓа, исто како и останатите најголеми берзи во светот, се наоѓа пред најголема неделна загуба од финансиската криза во 2008 година, поради стравувањата од економската штета од ширење на новиот коронавирус
Агенцијата на Обединети нации за бегалци (УНХЦР) денеска соопшти дека не е известена за промените на турската политика кон сириските бегалци, ниту добила извештаи дека луѓето тргнале кон Грција или други делови на Европа