Началникот на Генералштабот на руската армија, генералот Валериј Герасимов, денеска се сретна со францускиот колега, генералот Франсоа Лекоант, кому му ја пренесе загриженоста на Москва за активностите на НАТО во непосредна близина на руските граници.
Британското правосудство денеска одлучи на 18 мај да го продолжи разгледувањето на барањето за предавање на САД на основачот на Викиликс Џулијан Асанж, кој речиси една година се наоѓа во затвор во Велика Британија.
Гостите на хотелот „Х10 Коста Адехе палас“ на Тенерифе поминаа три дена во изолација откако вирусот беше забележан кај четворица италијански туристи.
Италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи ди Мајо ги повика сите странски туристи да се вратат во Италија каде првпат се појавија сомнежи за валидноста на официјалната методологија за регистрирање на заразени од новиот коронавирус.
Финансиската полиција во Италија ќе поднесе кривични пријави против сите трговци кои продаваат заштитни маски за лице и други производи кои ги огласуваат преку Интернет како заштита од новиот коронавирус наречен Ковид-19.
Русија во јануари годинава го направила првото тестирање на хиперсоничната ракета „Циркон“ што ја истрелала од фрегатата „ Адмирал Горшков“ во Беренцово море, а со која гаѓала цел на копното, за Тасс соопштила два извора од структурите на Северозападниот федерален округ.
Словенечкиот и хрватскиот претседател Борут Пахор и Зоран Милановиќ се договорија во иднина да работат интензивно на решавање на отворените прашања меѓу двете земји, пред се на граничниот спор.
Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави денеска дека неговата земја се „принудува на интеграција“ со Русија и порача дека вистинска интеграција на економиите на двете земји значи „суверенитет и независност“ на Белорусија.
Канада веќе нема да дава безбедносни услуги на британскиот принц Хари и Меган Маркл, соопшти денеска канадската Влада, откако двојката се откажа од улогата на високи членови на британското кралско семејство.
Американскиот Сенат деновиве ќе усвои резолуција за осуда на Русија за многубројните случаи на кривичен прогон и затворски казни поради искажување политички ставови.