Администрацијата на претседателот Доналд Трамп ги продолжи санкциите кон Русија поради конфликтот во Украина за уште 12 месеци.
Градот Сан Франциско прогласи вонредна состојба поради ширењето на новиот коронавирусот, откако официјални претставници од Центарот за контрола и превенција на болести предупредија дека неговото ширење во САД е неизбежно.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД се во „одлична форма“ и покрај тоа што медиумите шират лажни вести и се обидуваат да предизвикаат паника на берзите.
Цената на нафтата во САД е на најниско ниво за една година поради ширењето на коронавирусот, што влијае врз светската економија.
Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) ги предупреди Американците да започнат со подготовките за ширење на коронавирус во САД по појавата на инфекции во уште неколку земји
Хонг Конг ќе потроши речиси 10 милијарди американски долари со цел да им помогне на граѓаните чии финансии се намалени поради ширењето на новиот коронавирус
Претседателот на Словенија Борут Пахор го предложи Јанез Јанша за мандатар за состав на новата влада
Германската тинејџерка Наоми Зајбт, речиси преку ноќ стана миленичка на германските десничари, стекнувајќи ја популарноста со објави кои кореспондираат со скептиците околу климатските промени и добивјќи го прекарот „анти-Грета“, објави „Гардијан“
Конфликтот Русија – Украина, прашањето околу дијалогот на Косово со Србија, но и соработката меѓу двете земји беа теми на дискусија за време на средбата шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и албанскиот премиер Еди Рама, наведува телевизијата Ора њуз
Комесарката за здравство на Европската унија, Стела Киријакидес изјави дека е добро што соседните земји на Италија ги задржаа границите отворени по значителното зголемување на заразени луѓе со новиот коронавирус, истакнувајќи дека така ќе се избегне непропорционален одговор