Истражување на шест европски здруженија за заштита на потрошувачите покажува дека 66 отсто од артиклите што се купуваат на интернет се небезбедни, па дури и опасни за потрошувачите.
Водителот на „Ем-ес-ен-би-си“, Крис Метјус, денеска се соочи со лавина од критики и повици да даде отказ откако победата на Сандерс во Невада ја спореди со напредувањето на нацистите во Европа.
Во САД денеска стапи во сила измената во имигрантскиот закон, со која апликациите на имигрантите за постојан престој можат да бидат одбиени од имиграциските служби доколку тие користеле социјални бенефиции од државата, јави дописникот на МИА од Вашингтон.
Неколку десетици жени во Јужноафриканската Република кои се позитивни на ХИВ стерилизирани се без нивна согласност или се вршело притисок врз нив пред самото породување да се согласат на стерилизација, се наведува во извештајот на Комисијата за еднаквост на половите (ЦГЕ).
Белата куќа планира да побара дополнителни средства во напорите за борба со коронавирусот, соопштија денеска „Политико“ и „Вашингтон пост“.
Палестински Исламски џихад од Појасот Газа прогласи едностран прекин на огнот во жестоките дводневни судири со Израел.
Ванеса Брајант, вдовицата на НБА легендата Коби Брајант, денеска поднела тужба против сопственикот на хеликоптерот, во чиј пад минатиот месец погинаа нејзиниот сопруг, нивната 13-годишна ќерка Џијана и уште седум други лица.
Израелскиот премиер, Бенџамин Нетанјаху и издаде наредба на војската да продолжи со воздушните напади врз Појасот Газа.
Светска здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека новиот коронавирус глобално не е вон контрола ниту предизвика смртни случаи од големи размери и оти е прерано да се зборува за пандемија.
Турската полиција го уапси капетанот на авионот на компанијата „Пегазус ерлајнс“, кој на почетокот од месецот излета од писта на аеродромот Сабиха Гокчен во Истанбул, при што загинаа три лица.