Кремљ денеска соопшти дека се лажни и параноични наводите на американските разузнавачки служби дека Русија се меша во американската предизборна кампања во 2020 година и дека се обидува да ги зголеми шансите за реизбор на Доналд Трамп, за што вчера пишуваше весникот „Њујорк тајмс“
Боливиски суд ја отфрли кандидатурата на поранешниот претседател на државата Ево Моралес за претстојните избори во Сенатот затоа што тој не живее во земјата. Тој таквиот потег го нарече „удар врз демократијата“
Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека САД „се договорија со талибанците“ за „значителното намалување на насилството во Авга нистан“, јави ДПА
Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер денеска оцени дека злосторството во градот Ханау било јасно расистички мотивиран терористички напад
Жители на Хонг Конг создадоа фабрика за производство на хируршки маски, кои недостигаат за заштита од епидемијата на новиот коронавирус
Судските органи во Кина покренаа обвиненија против 290 лица за случаи поврзани со превенција и контрола на коронавирусот, соопшти Врховното јавно обвинителство на Кина
При пристигнувањето во зградата на Советот на ЕУ, лидерите признаа утрово дека не верува дека е можен компромис за буџетот на ЕУ на овој самит
Шумските пожари и поплави го загрижија населението во Австралија поради глобалното затоплување и затоа рударското лоби во Австралија е под притисок да се откаже од поддршката на инвестирање во нови рудници за јаглен
Поранешната австриска министерка за надворешни работи Карин Кнајсел побара рехабилитација за основачот на Викиликс, Џулијан Асанж
Продажбата на патнички автомобили во Кина во првите 16 дена од февруари се намали за 92 проценти, според податоците на кинеската Асоцијација на патнички возила (ЦПЦА), бидејќи компаниите низ целата земја се привремено затворени поради епидемија на коронавирус