Европскиот правен тим на Џулијан Асанж денеска соопшти дека ќе се обиде за него да побара азил во Франција, на само неколку дена пред почетокот на сослушувањето во Лондон за негова екстрадиција во САД заради обвинение за шпионирање.
Откако ноќеска напаѓач во германскиот град Ханау, источно од Франфурт, уби девет лица во два наргиле барови, а потоа ја убил својата мајка и самиот себе, полицијата откри дека станува збор за 43-годишниот Тобијас Р. , етнички Германец и екстремен десничар.
Предлог буџетот на Европската унија за периодот од 2021 до 2027 година, за кој се расправа денеска на вонреден самит на лидерите на ЕУ во Брисел, е неприфатлив за Европскиот парламент (ЕП), изјави претседателот на ЕП, Дејвид Сасоли на прес-конференција на маргините на состанокот на шефовите на држави и влади.
Во главната џамија во Регентс парк во Лондон, денеска, малку по 15 часот по локално време, е изведен напад во кој маж со нож го избодел човекот која ја водел попладневната молитва – мујазинот, јавија британските медиуми.
Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, не треба да им биде испорачан на САД бидејќи тоа ќе има негативен ефект врз слободата на печатот, изјави денеска комесарката за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ.
Францускиот претседател Емануел Макрон најави дека во преговорите за новиот буџет ќе инсистира на подобрување на условите за развој на заедничката политика во областа на земјоделството.
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен вели дека се залага за модерен буџет на ЕУ што ќе се темели на приоритетите, како што се Залениот договор и дигитализацијата.
САД ја осудија Русија поради кибер нападите во Грузија извршени лани во октомври.
Белата куќа официјално потврди дека американскиот претседател Доналд Трамп го именува амбасадорот Ричард Гренел за вршител на должноста шеф на сите разузнавачки служби на САД.
Премиерот на Лесото Томас Табане ќе биде обвинет за убиството на неговата сопруга Липолело, од која се разведе во јуни 2017 година, изјави денеска висок полициски претставник.