Кандидатот за премиер на Ирак, Мухамед Тауфик Алави денеска изјави дека составил кабинет од политички независни кандидати и го повика Парламентот следната недела да одржи вонредна седница за да гласа за доверба во владата.
Директорката на Меѓународниот монетарен фонд Кристалина Георгиева смета дека епидемијата на коронавирусот во Кина претставува најголема неизвесност со која се соочува глобалната економија и дека министрите за финансии на Г-20 и централните банкари треба да преземат мерки за намалување на другите ризици.
Во Јемен денеска загинаа шест војници, откако конвојот во кој се наоѓал јеменскиот министер за одбрана Мухамед Али Макдашија налетал на мина, но тој не е повреден.
Меѓународно признатиот либиски премиер Фајез ал Сераџ изјави денеска дека разговорите за продолжување на мировните преговори ги „надминале“ случувањата на терен со постојаното гранатирање на источните фракции кои се обидуваат да го заземат Триполи.
Италијански авион вечерва ќе тргне по државјаните на ЕУ, кои веќе две недели се во карантин на крузерот „Дајмонд Принцес“, закотвен во јапонскиот град Јокохама.
Полицијата во западна Германија покрена истрага против група екстремно десничарски политичари во врска со тврдењата дека дистрибуирале расистичка книга за боенка.
Според официјалните најави, ЕУ и Велика Британија треба до крајот на годинава да постигнат согласност за меѓусебните односи по Брегзит.
Германската канцеларка Ангела Меркел денеска повтори дека нема да се меша во изборот на нејзин наследник на чело на Христијанско демократската партија (ЦДУ), откако Анегрет Крамп Каренбауер објави дека се повлекува од функцијата претседател на партијата.
Шпанската морнарица соопшти денеска дека спасила 24 мигранти во близина на Канарските Острови, северозападно од брегот на Африка, а се уште се трага по 53 лица кои веќе два дена се водат како исчезнати.
Иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф вели дека неговиот неодамнешен состанок со американскиот сенатор Крис Марфи ја исплаши администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, бидејќи тоа било можност директно да се разговара со американската нација