Групата „Да ја обновиме Европа“ во Европски парламент побара да се именува специјален пратеник на Европска Унија за Западен Балкан.
Турција ќе ги нападне сириските владини сили каде било во северна Сирија, ако уште еден турски војник биде повреден, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Маж (52) е обвинет денеска за убиството на новинарката Лира Меки, која беше убиена за време на немири во северноирскиот град Лондондери во април минатата година.
Повеќе од половина од сообраќајните полицајци на Малта, вклучувајќи го и нивниот шеф, се уапсени поради сомневање дека лажирале стотици прекувремени часови.
Светската здравствена организација денеска предупреди дека е „премногу рано“ да се каже дали КОВИД-19 го достигнал својот врв или кога епидемијата ќе заврши и покрај намалувањето на бројот на новозаболени.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го предупреди Сенатот да не усвојува резолуција со која би се ограничила неговата способност да води војна против Иран.
Поранешниот гувернер на сојузната држава Масачусетс, Девал Патрик, денеска соопшти дека ја напушта трката за номинација претседателски кандидат од Демократската пратија.
Долговите на Американците во четвртото тромесечје од 2019 година пораснале за 193 милијарда долари (1.4 отсто повеќе од 2018 година) до вкупна сума од 14,150 милијарди долари (14,15 трилиони), се дознава од материјалите објавени синоќа од Федералната резервна банка на Њујорк.
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг порача дека присуството на Алијансата во Ирак е на покана на ирачката Влада и дека Алијансата целосно го почитува суверенитетот на Багдад.
Министрите за одбрана од земјите членки на НАТО се согласија да ја зајакнат мисијата на Алијансата во Ирак во координација со Багдад, изјави генералниот секретар Јенс Столтенберг.