Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека коронавирусот, тешко заразно респираторно заболување од кое досега починаа над 900 лица, претежно во Кина, ќе попушти „до април, поради жештините“.
Турција денеска објави дека „неутрализирала“ повеќе од 100 припадници на сириските владини сили како одговор на сириското гранатирање во кое загинаа петмина турски војници во северозападна Сирија.
Турските сили во Сирија гаѓаа 115, а уништија 101 објект, како одговор на нападот на сириските безбедносни сили, во кој загинаа пет турски војници, соопшти денеска турското Министерство за одбрана.
Медицински експертски тим на Светската здравствена организација (СЗО) пристигна денеска во Кина за да помогне во истрагата поврзана со епидемијата на коронавирусот, изјави во Женева генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.
Најмалку три лица се повредени денеска во пукотница во супермаркетот Волмарт во источен Арканзас, соопшти полицијата.
САД обвинија четворица кинески воени хакери за кибер-напад врз кредитната агенција Еквифакс, со што се загрозени податоците на околу 147 милиони Американци, објави денеска американскиот Јавен обвинител, Вилијам Бар.
Научници успејаа ја „дешифрираат“ генетската информација за 38 видови на канцерогени клетки, објави Би Би Си.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска пред Претставничкиот дом треба да го претстави нацрт-буџетот на федералната Влада за фискална 2021 година, за кој се предвидува да биде отфрлен од Долниот дом на американскиот Конгрес,.
Поради повреда на безбедноста во апликацијата која ја користи израелската конзервативна партија, хакери открија лични податоци на речиси 6,5 милиони Израелци, изјави експертот за кибер безбедност Ноам Ротем.
Холдинг групата Алибаба соопшти дека финансиската единица Вест банк ќе понуди кредит од 2,86 милијарди долари за компаниите во Кина кои се погодени од коронавирусот.