Поранешниот претседател на Боливија, Ево Моралес, кој е во егзил во Аргентина, денеска отпатува за Куба на медицински третман.
Вработен во медицинскиот центар Каунти оук во јужниот англиски град Брајтон, е позитивен на новиот коронавирус 2019-nCoV, јави Би-Би-Си. Медицинскиот цвентар Каунти оук е времено затворен.
Лидерката на германската Христијанско-демократска партија Анегрет Крамп-Каренбауер (АКК) денеска потврди дека нема да се кандидира за канцелар на Германија на сојузните избори.
Во заедничка операција на Европол со Централната единица за наркотици и Централната единица против перење пари на регионалната каталонска полиција уапсени се 14 членови на меѓународна криминална организација која шверцувала кокаин и перела пари.
Петмина турски војници загинаа, а петмина се повредени при интензивни артилериски гаѓања на силите на режимот во Идлиб, соопшти Министерството за национална одбрана на Турција.
Одржливиот транспорт, од јавниот превоз до велосипедизмот, може да ги замени автомобилите во најголемите градови во светот до 2030 година, покажува студијата на Мобилити, објавена денеска.
Ким последен пат е виден во јавност на концерт по повод прославата на Лунарната нова година на 25 јануари.
Повеќе од 300 кинески компании, вклучително и производителот на паметни телефони Ксаоми Корп. бараат заеми во вкупен износ од најмалку 57,4 милијарди јуани (8,2 милијарди долари) за да ги ублажат ефектите од епидемијата на новиот коронавирус, соопштија два банкарски извора.
Најмалку пет лица загинаа во невремето што погоди делови а Европа, предизвика прекин во електроснабдувањето, а доведе и до нарушување на железничкиот, бродскиот и авиосообраќајот ширум континентот.
Секретаријатот за енергетска заедница (ЕЗ) повторно ги повика надлежните институции во Западен Балкан внимателно да ја разгледаат политиката на субвенционирање на термоелектрани со јаглен.