Средбата на рускиот претседател Владимир Путин со неговиот белоруски колега, Александар Лукашенко денеска заврши без договор за решение на енергетскиот спор што се заканува на нивниот традиционално близок однос.
Клиника специјализирана за евтаназија во Холандија, прва држава која ја легализирала таа пракса, соопшти денеска дека минатата година добила повеќе од 3.000 барања.
Верската заедница Јеховини сведоци соопшти дека руските власти ставиле над 200 нивни членови на списокот на екстремисти и терористи.
Епидемијата на коронавирусот во Кина поттикна неколку модни брендови на преговори со турски компании, поради евентуално префрлање на производството на облека од Кина во Турција, изјавија раководителите на турската модна индустрија.
Вкупно 543 Ирачани се убиени од 1 октомври, кога почна бунтот на народот, обележан со насилство, репресија и кампања на киднапирања и убиства, објави вечерва владиниот Комитет за човекови права.
САД се подготвени да доделат 100 милиони долари помош на Кина и другите земји зафатени од коронавирусот, соопшти денеска американскиот државен секретар Мајк Помпео.
Француски војници убија вчера и денеска повеќе од 30 милитанти во Мали кои биле поврзани со ИД и со Ал Каеда, соопштија француските оружени сили.
Уште 41 патник на јапонскиот крузер е заразен со коронавирус, со што е вкупниот број заразени денеска е зголемен на 61 лице, а во меѓувреме продолжува тестирањето на останатите патници.
Кина ќе победи во борбата против коронавирусот, изјави кинескиот амбасадор во САД, Цуи Тјанкаи, во интервју за „Пи-би-ес“.
Кинеската комунистичка партија денеска најави истрага по прашањата поставени од јавноста за докторот Ли Венлијанг кому полицијата му се закануваше откако изрази загриженост за новиот вирус, а потоа и почина од него.