Југот и југозападниот дел на Германија, како и големи делови од Австрија, беа погодени од поројни врнежи од дожд што предизвикаа излевање на реки како и сообраќаен метеж на патиштата и железничките пруги
Алжирскиот претседател Абделмаџид Тебун потпиша указ за помилување за речиси 3.500 осудени лица, но мерката не важи за оние уапсени и поврзани со протестно движење кое веќе една година демонстрира против властите
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин телефонски разговараа за Сирија, јави Анадолија
Едно лице загина, а 81 се повредени кога камион полн со мигранти од Централна Америка се преврте на автопат во јужниот дел на Мексико што води кон САД, соопштија властите во мексиканската држава Веракруз
Од крајот на декември досега од коронавирусот починале 492 лица, додека повеќе од 24.500 се заразени, соопштија денеска здравствените власти
Директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Адан Гребрејесус ги повика сите министри за здравство итно да ја унапредат размената на податоци за новиот вид на коронавирус и најави дека ќе испрати тим од меѓународни експерти во Кина за да работат со тамошните колеги
Кандидатот за демократски соперник на американскиот претседател Доналд Трамп, Пит Бутиџиџ, поведе на првото гласање во Ајова, според резултатите од 62 избирачки места, соопшти Демократската партија
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа по третпат се обрати до нацијата во традиционалниот годишен говор наречен „за состојбата на единството“
Цените на акциите на Тесла синоќа по затворањето на тргувањата на американските берзи пораснаа за 19 отсто и денес до попладне постигнаа дополнителна вредност од 20 отсто – резултатот стана рекорден за компанијата и за американската автомобилска индустрија.
САД соопштија дека распоредиле нуклеарно оружје со мала моќност за првпат во подморница како одговор на развојот на такво оружје од страна на Русија.