Хуманитарен брод со 403 луѓе спасени во Средоземното Море соопшти денеска дека добил дозвола за закотвување во пристаниште во Италија.
Поранешниот каталонски лидер Карлес Пуџдемон денеска ги замоли своите приврзаници за донации во пари, откако шпанскиот суд нареди тој и уште 19 каталонски лидери да вратат 4,1 милиони евра јавни пари потрошени за организирање на забранетиот референдум за независност.
Велика Британија и Европската унија на 3 март ќе ги почнат преговорите за своите идни трговски односи, јави „Гардијан“.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска изјави дека мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот Исток претставува „завера“, а нему и на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им порача дека Палестинците и нивните права „ не се на продажба“ .
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го поздрави мировниот план за Блискиот Исток на американскиот претседател Доналд Трамп, оценувајќи го како „исклучителен“ и дека претставува „реален пат кон траен мир“.
Земјотрес со јачина на ударот од 7,7 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Карипско море меѓу Јамајка и Куба, информира американскиот Геолошки институт, цитиран од американските медиуми.
Во настапот на одбраната синоќа во судот за отповикување на американскиот претседател Доналд Трамп, импичментот беше опишан како „предизборно оружје“ кое го користат партиите меѓу себе и оти демократите во Претставничкиот дом гласале за импичмент на Трамп без надпартиска поддршка.
Палестинското движење Хамас денеска го поддржа палестинскиот претседател Махмуд Абас и неговата одлука да го одбие планот на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот Исток.
Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска го претстави блискоисточниот мировен план што неговата администрација го разработи со цел регулирање на конфликтот меѓу Израел и Палестина.
Американскиот министер за здравство Алекс Азар денеска ја повика Кина да биде отворена и транспарентна во врска со новиот коронавирус што ја зафати земјата, истовремено велејќи дека патните ограничувања мора да останат опција, јави ДПА.