Американскиот министер за здравство Алекс Азар денеска ја повика Кина да биде отворена и транспарентна во врска со новиот коронавирус што ја зафати земјата, истовремено велејќи дека патните ограничувања мора да останат опција, јави ДПА.
Американскиот Стејт департмент не дозволи новинарка на Националното јавно радио „Ен-пи-ар“, да патува со државниот секретар Мајк Помпео во Европа и Средна Азија, изјавија од Асоцијацијата на дописници од Стејт департментот.
Обединетите нации денеска изразија загриженост поради судењата против стотиците наводни припадници на терористичката Исламска држава во Ирак, од кои некои само подготвувале оброци, нуделе медицински услуги или биле човечки штит за таа екстремистичка група.
Жителите на кинескиот град Вухан, кои се затворени во своите домови поради епидемијата на коронавирусот, се обидуваат самите да се охрабрат, па синоќа во некои згради се здружиле, излегле на терасите и заедно ја пееле националната химна и други песни.
Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, чија легитимност не ја признаваат многу земји во светот, предложил неколку меѓународни нафтени компании, вклучително и руската државна компнија „Росњефт“, да ја приватизираат нафтената индустрија на земјата, јави „Блумберг“.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска и формално е обвинет за корупција, откако претходно го повлече барањето за парламентарен имунитет, пренесоа светските агенции.
Илјадници Палестинци протестираат денеска во градот Газа пред објавувањето на мировниот план на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, за кој се очекува да биде во корист на Израел.
Високиот офицер на американската ЦИА, Мајкл Д’Андреа, за кого се смета дека го организирал убиството на иранскиот генерал Касим Сулејмани, наводно загинал во Авганистан, објавија денеска иранските медиуми.
Повеќе од 1.400 лица се евакуирани денеска од големиот камп за бегалци што се наоѓа на северозапад од Париз.
Украинскиот премиер Алексеј Гончарук соопшти дека, доколку се реализира владината програма, Украина по пет години ќе ги исполни критериумите за членство во Европската унија.