Белгискиот крал Алберт Втори (85), кој се повлече од престолот во 2013 година во корист на својот син Филип, вечерва призна дека има вонбрачна ќерка, објавија локалните медиуми.
Полска ја одбележува 75-годишнината од затворањето на нацистичкиот концентрационен логор Аушвиц во кој беа убиени повеќе од милион луѓе од 1940 до 1945 година.
Градот Виена денска претстави мобилна апликација со чија помош жителите кои користат градски превоз, велосипед или одење пеш да добијат бесплатен билет за музеј или за претстава.
Парламентарното собрание на Советот на Европа денеска одби да одржи итна дебата за состојбата на демократијата во Русија.
Британските преговори со ЕУ по Брегзит ќе ги води тим од 40 официјални претставници, т.н. „Работна група Европа“, која ќе му поднесува извештаи на премиерот Борис Џонсон, изјави денеска негов портпарол.
Канадските здравствени власти денеска го потврдија првиот случај во земјата на заразен со смртоносниот коронавирус, кој потекнува од Кина, наведувајќи дека сопругата на пациентот, исто така, е позитивна на тестирањето за болеста.
Авионот кој денеска се урна во Авганистан е на Воено-воздухопловните сили на САД, соопшти Дејвид Голдфејн, претставник на Пентагон, пренесе изданието „Милитари.ком“.
Најмалку осум лица загинаа денеска во пожар кој „проголта“ околу 35 бродови, закотвени долж реката Тенеси во американската сојузна држава Алабама, изјави шефот на пожарникарската служба на Скотсборо, Џин Неклаус.
Дипломатски претставници од 16 земји во Ирак, вклучувајќи ги САД, Велика Британија и Франција, ја осудија употребата на прекумерна сила од страна на ирачките безбедносни сили против демонстрантите и побараа темелна истрага за смртта на стотиците убиени од почетокот на октомвриските демонстрации.
Светската здравствена организација (СЗО) денеска ја ревидираше својата проценка за заканата од новата форма на коронавирусот во Кина на меѓународно ниво, оценувајќи ја дека е „висока“ и повеќе не е „умерена“ како што беше досега соопштено.