Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф изјави денеска дека заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за напад врз различни цели во Иран, од кои многу се наоѓаат на списокот на светско наследство на УНЕСКО, претставуваат тероризам против културата
Патнички авион во кој имало повеќе од 80 лица се урнал и запалил во Авганистан, во подрачје што е под контрола на талибанците
Иранците не треба да дозволат политиката на претседателот на САД Доналд Трамп за „максимален притисок“ врз Техеран да го нарушава единството на нацијата пред парламентарните избори, изјави денеска иранскиот претседател Хасан Рохани
Околу 20 пациенти се евакуирани од болница во Хонг Конг откако експлодира рачно изработена бомба. При инцидентот никој не е повреден
На речиси седум милиони луѓе во Етиопија им е неопходна помош во храна поради сушата која се повторува
Опозицијата во Перу, предводена од Кеико Фуџимори, доживеа голем пораз на парламентарните избори, губејќи десетици места во Конгресот во кој доминираше од 2016 година, покажуваат резултатите од излезната анкета
Во берлинскиот Меморијал на Холокаустот синоќа беа запалени 75 свеќи по повод денешното одбележување на Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на холокаустот
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска на израелските лидери треба да им ги открие деталите од својот долго одложуван мировен план за Блискиот Исток, со кој ќе се обиде да го реши израелско-палестинското прашање
На вчера одржаните регионални избори во италијанскиот регион Емилија Ромања, кандидатот на Демократската партија, гувернерот Стефано Боначини освои 51,4 отсто од гласовите, додека кандидатот на Лигата освои 43,7 проценти, соопшти италијанското Министерство за внатрешни работи по преброени 98 отсто од гласовите
Висок функционер за јавно здравје во Хонг Конг денеска изјави дека реалниот број на заболени од новиот коронавирус веројатно е близу 25.000 – значително поголем од 2.744 случаи потврдени од кинеската Национална здравствена комисија