Случаи на заразени лица од новиот коронавирус, од кој досега починаа 17 луѓе во кинескиот град Вухан, пријавени се во Виетнам, Сингапур и Саудиска Арабија.
Демократите денеска и утре имаат можност да го образложат случајот пред правниот тим на Трамп кој, пак, од сабота има 24 часа да ја презентира страната на претседателот.
Рускиот претседател Владимир Путин денеска предложи да се одржи самит на лидерите од Русија, Кина, САД, Франција и Велика Британија во 2020 година, за да разговараат за светските прашања.
Стотина сириски милитанти извршија напади врз владини сили во неколку делови на сириската провинција Идлиб, при што се убиени околу 40 војници, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави нови визни ограничувања со кои треба да се спречи таканаречениот „породилен туризам“ за бремените жени кои патуваат во САД со цел да се породат таму и нивните деца да можат да добијат американско државјанство.
Коронавирусот што првпат беше регистриран во кинескиот град Вухан, од кој починаа веќе 25 луѓе, многу полесно се пренесува од човек на човек отколку што претходно се предвидуваше, изјави Дејвид Хејман од Светска здравствена организација (СЗО).
Американскиот потпретседател Мајк Пенс изјави денеска дека светот мора силно да се спротивстави на „грозната плима на антисемитизам“ кој се шири низ светот, оценувајќи дека предводник на таа политика е Иран
Европската унија нема да се согласи на политичко решение на либискиот конфликт доколку Турција и Либија не се откажат од договорот за делимитаризација на поморските граници, што беше потпишан во ноември, изјави грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.
Британскиот министер за здравство Мет Хенкок денеска оцени дека бројот на случаи на новиот коронавирус веројатно ќе биде многу поголем од досега потврдените
Израелскиот претседател Рувен Ривлин на денешниот состанок со рускиот претседател Владимир Путин повика на заедничка борба против антисемитизмот оценувајќи дека нема шанси да се постигне успех во тоа без учество на Русија