Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ги исфрли припадниците на израелската полиција од црквата „Света Ана“ во стариот дел на Ерусалим, која според меѓунардоните правила претставува француска територија.
Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави денеска дека е подготвен да сведочи во процесот на отповикување на американскиот претседател Доналд Трамп доколку има законска обврска.
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во Ерусалим изјави дека негирањето на правото на постоење на Израел како држава е нова форма на антисемитизам, пренесоа француските медиуми.
Бројот на смртни случаи поврзани со новиот тип на коронавирус во Кина се зголеми на 17, речиси двојно повеќе во последните 24 часа, истакнаа денеска официјални лица од кинеската провинција Хубеи.
Венецуелскиот опозициски лидер Хуан Гуаидо денеска ја отфрли можноста да учествува во разговори со претседателот Николас Мадуро, откако шефот на таа држава повика на дијалог со САД.
Иран никогаш нема да развие нуклеарно оружје, со или без нуклеарен договор, изјави денеска иранскиот претседател Хасан Рохани, повикувајќи ги европските држави да не го следат Вашингтон кој го напушти тој договор од 2015 година.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека би сакал подолго судење за импичмент, со цел сегашни и поранешни функционери на администрацијата да можат да сведочат.
По месеци политичка и економска криза и три месеци по оставката на премиерот Саад Харири, Либан доби технократска влада со дваесет министри под водство на Хасан Диаб.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска во Давос изрази очекување дека САД ќе склучи трговски договор до претседателските избори во неговата земја, во ноември.
Американскиот претседател Доналд Трамп најави дополнување на листата со земји чии државјани имаат забрана за патување во САД или имаат големи рестрикции за влез.