Шпанската Влада денеска официјално прогласи „климатска криза“ и предложи мерки за борба против климатските промени, кои, меѓу другото, вклучуваат и големи задолжителни зони со ниска емисија на гасови во поголемите градови.
Плановите на НАТО да ги прогласи вселената и кибер просторот за свој оперативен домен го поткопуваат глобалниот систем за стратешка стабилност, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на денешната средба на рускиот Совет за меѓународни работи.
Рускиот претседател Владимир Путин денеска потпиша указ за составот на новата Влада предводена од Михаил Мишустин.
Полска го повика рускиот претседател Владимир Путин да се воздржи од „користење“ на жртвите од Втората светска војна и Холокаустот за тековни политички цели и посочи на документи од војната во кои полската влада ги повика сојузниците да ги спасат Евреите.
Американскиот претседател Доналд Трамп пред денешната средба во Давос со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека слушнал дека таа е тежок преговарач.
Во Франција продолжува да расте бројот на барателите на азил, во најголем дел од Авганистан, Гвинеја, Грузија и Албанија, од кои, последните две земји, според Министерството за внатрешни работи, претставуваат „аномалија“.
НАТО до 2022 година ќе развива нови стратешки беспилотни летала „глобал хоук“, кои ќе можат да летаат без прекин 30 часа, што ќе овозможи увид во она што се случува во Русија, изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.
Белгиски суд за првпат изрече затворска казна за закани упатени преку социјалната мрежа Фејсбук против поранешната пратеничка со турско потекло, Махинур Оздемир.
Европската комисија денеска најави 200 милиони евра инвестиции заедно со Европската инвестициска банка за европскиот вселенски сектор.
Велика Британија сака идните односи со Европската унија да се темелат на пријателска соработка, изјави денеска портпаролот на британскиот премиер Борис Џонсон, цитиран од британските медиуми.