Приближно 220.000 домаќинства во Жирона останаа без електрична енергија откако бурата Глорија ја зафати Шпанија
Јапонската Влада одлучи да почне со подготовки за воведување на мобилната мрежа од шестата генерација ( 6Г), со намера оваа ултрабрза мрежа во Јапонија да почне со работа во 2030 година
Европската унија го поздрави потпишувањето на писмото со намери за повторно воспоставување на авионската линија Белград – Приштина.
Шпанскиот премиер Педро Санчез во интервју за шпанскиот јавен радиодифузер ТВЕ соопшти дека во февруари ќе се состане со каталонскиот премиер, Ким Тора, како дел од дијалогот за идниот статус на Каталонија и дека Каталонците потоа ќе треба да гласаат за нивниот договор, што не вклучува независност
Ирански пратеник понуди награда од три милиони долари „на оној кој ќе го убие американскиот претседател Доналд Трамп“, јавија американските медиуми, повикувајќи се на иранската полуофицијална агенција Исна
Во Келн е пронајдена американска бомба од Втората светска војна, тешка 500 килограми, која денеска ќе биде деактивирана и поради тоа е наложена евакуација на железничката станица, зградата на операта, телевизијата и неколку куќи
Инвестициите во технолошкиот сектор во Велика Британија се зголемија за 44 проценти до рекордни 13,2 милијарди фунти во 2019 година, што претставува една третина од целокупното европско финансирање во овој сектор, надминувајќи го износот на таквото финансирање во Франција и Германија заедно, соопшти Советот за дигитална економија при британската Влада
Тим научници од Универзитетот во Кардиф во Велс, открија начин за уништување на ракот на простата, гради, бели дробови и на други органи. Откритието е објавено во списанието „Нејчр имунолоџи“
Според најновите податоци на кинеските медицински власти, досега се заразени 291 лице од новата форма на коронавирусот, од кои дури 270 се од провинцијата Хубеи
Британскиот принц Хари пристигна во Канада каде што ќе живее со сопругата Меган и осуммесечниот син Арчи, по кризата во кралското семејство настаната со ненадејната објава дека се повлекуваат од кралските должности