Регионалната влада на Балеарски Острови усвои закон со кој планира да го ограничи „туризмот на пијанчење“ што вклучува забрана за „среќни часови“, отворени барови и ограничена продажба на алкохол во населените зони на шпанскиот остров во Средоземно Море.
Триесет демонстранти синоќа се обидоа да влезат во театарот „Буфе ди Норд“ каде францускиот претседател Емануел Макрон гледаше претстава. Но, тие беа спречени од полиција, а Макрон беше евакуиран, јави дописникот на МИА.
Европска Унија годинава ќе ја намали претпристапната помош за Турција за 75 проценти поради неовластеното турско истражување на нафта и гас во територијалните води на Кипар и поради турската воена офанзива во Сирија што почна во октомври.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган предупреди дека ако падна либиската Влада, што има поддршка од Обединети нации, ќе зајакне исламистичкиот тероризам.
Ирачките безбедносни сили вчера убија најмалку еден лице, а повредија 25 кога употребија солзавец со цел да ги спречат демонстрантите да го поминат мостот Синак во Багдад.
Четиринаесетгодишно девојче, кое беше киднапирано од страна на тројца мажи во Северна Калифорнија, е спасено со помош на социјалната мрежа Снепчет.
Властите на Шри Ланка денеска ја укинаа забраната за користење на беспилотни летала, што беше воведена по терористичките напади за време на Велигден минатата година, при што загинаа 263 луѓе.
Кинеските здравствени власти денеска соопштија дека се регистрирани уште четири лица се инфицирани со новиот коронавирус во градот Вухан.
Од громови и поројни дождови денеска се погодени делови од источниот брег на Австралија, а поради поплавите затворени се одредени главни патни правци.
Одборот за надворешни работи на Претставничкиот дом на Конгресот на САД испрати обврзувачки повик до државниот секретар Мајк Помпео за сослушување за наредбата на претседателот Доналд Трамп во Ирак да се убие висок ирански генерал.