Американскиот Центар за контрола и превенција на болести синоќа соопшти дека ќе ги прегледува патниците кои со авион пристигнуваат од Централна Кина.
Бразилскиот министер за култура Роберто Алвим е сменет од функцијата бидејќи во видео порака за новата политика за културата парафразирал говор на министерот за пропаганда во нацистичка Германија, Јозеф Гебелс.
Американскиот претседател Доналд Трамп преку Твитер му порача на иранскиот врховен лидер Али Хамнеи да внимава што зборува. Реакцијата на Трамп уследи откако ајатолахот го нарече „кловн“.
Во Русија тоа го нарекуваат „проблем од 2024 година“- тогаш на Владимир Путин му истекува вториот мандат за претседател. Сега предложил коренска реформа на Уставот за да ја задржи моќта, коментира новинарот на Дојче веле Роман Гончаренко.
Стејт департментот ќе стори се за да утврди дали имало закани за дипломатскиот персонал, изјави денеска државниот секретар Мајк Помпео по информациите дека поранешната амбасадорка на САД во Украина, Мари Јованович, била тајно следена и надгледувана.
Процесот за отповикување на американскиот претседател Доналд Трамп продолжува во вторник, 21 јануари, кога ќе бидат презентирани воведните аргументи во Сенатот.
САД денеска во рамките на својата „максимум притисок кампања“ санкционираа водечки генерал на иранската Револуционарна гарда по разгонот на протестите во Иран, изјави Брајан Хук, специјален претставник на САД за Иран.
Заканите на Иран само уште повеќе ќе ја изолираат земјата, изјави денеска специјалниот претставник на американското МНР за Иран Брајан Хук.
Претседателот на Украина Володомир Зеленски не ја прифати оставката на премиерот Олексиј Гончарук.
Полскиот Сенат, каде доминира опозицијата, денеска го отфрли предлог законот, со кој се овозможување „дисциплинирање“ судии кои критикуваат владини реформи.