Во 33-тиот барометар за довербата во медиумите на Кантар за дневниот венсик „Ла Круа“, интересот на Французите за информации го достигна своето најниско ниво досега. Ако телевизијата останува привилегиран пристап до информации за старите лица, дигиталните и социјалните мрежи стануваат се сè почесто извор на информациите кај младите
Европскиот парламент почна процедура за разгледување на барањето за укинување на имунитетот на поранешниот претседател на Каталонија, Карлес Пучдемон, изјави денеска еден од потпретседателите на оваа институција, Ева Божена Копач
Романскиот претседател Клаус Јоханис вчера го поддржа свикувањето предвремени избори во земјата, пренесе агенцијата Аџерпрес
Повеќе од 80 килограми кокаин биле пронајдени во карго-авион „Мартинара“, чија матична компанија е КЛМ и притоа уапсени се седум лица, меѓу кои и пилотот
Исламски екстремисти ослободија тројца хуманитарни работници и други цивили во североисточна Нигерија, кои ги држеа како заложници од крајот на декември, соопшти денеска координаторот на ОН за хуманитарни прашња во таа држава
Новата австриска министерка за правда Алма Задиќ се залага за секуларен пристап на државата, односно за јасно раздвојуавње на државата и верата
Шефот на иранската дипломатија Мохамад Џавад Зариф изјави дека Велика Британија, Франција и Германија го „продале остатокот“ од иранскиот нуклеарен договор (Заеднички сеопфатен план за дејствување) во замена за ветувањето на американскиот претседател Доналд Трамп дека нема да неметне царини на европските автомобили, пренесе Тасс
САД и Кина почнаа да ја разгледуваат „втората фаза“ од трговскиот договор, изјави изјави за американските медиуми потпретседателот на САД, Мајк Пенс, непосредно откако двете земји ја потпишаа првата фаза од договорот
Два ненаселени острова во индонезиската провинција Јужна Суматра се целосно исчезнати под вода како резултат на зголемувањето на нивото на морето предизвикано од глобалното затоплување
Рускиот Парламент ќе го разгледа денеска назначувањето нов руски премиер, именуван од претседателот Владимир Путин вчера, по ненадејната оставка на владата и најавите за уставни измени