Шефот на Обвинителството во Техеран, Мохамад Шариари денеска изјави дека до сега се идентификувани 100 луѓе од соборениот украински патнички авион во Иран.
Полицијата од Флорида соопшти дека во дом во гратчето Селебрејшн пронајдени се четири тела, а едно лице е во притвор.
Иранското Министерство за надворешни работи предупреди дека сериозно и силно ќе одговори на евентуалните европски санкции.
Спикерката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси начелно планира утре да ги предаде во Сенатот предметите за импичмент на претседателот Доналд Трамп, а демократите во Конгресот моментално спроведуваат консултации за стратегијата и роковите.
Во пакистанскиот дел на Кашмир и во Авганистан во лавини загинаа 126 луѓе.
Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ги покани светските сили во недела на Самит во Берлин каде ќе се разговара за напорите за постигнување мир во Либија.
Најмалку шест лица погинаа, а 16 се повредени откако на средина од улица во Кина се отворила огромна дупка во која пропаднал автобус и неколкумна пешаци.
Филипинските власти побараа целосна евакуација на речиси еден милион луѓе во близина на главниот град Манила, откако вулкан почна да исфрла пепел во височина од 14 километри, предупредувајќи дека постои можност од „експлозивна ерупција“
Британскиот премиер Борис Џонсон денеска писмено и одговори на шкотската премиерка Никола Старџен, отфрлајќи го нејзиното барање Единбург да добие надлежности за спроведување нов референдум за независност на Шкотска, пренесоа британските медиуми
Канадскиот премиер рече дека загинатите при уривањето на украинскиот „Боинг“ би биле живи доколку немаше ескалација на тензиите со Иран, за што придонесоа и САД