Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави денеска дека убиството на иранскиот врховен командант Касим Сулејмани ги надминува сите правни и човечки граници
Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека не се сомнева дека кралското семејство ќе ги реши проблемите што ги има, откако вчера кралицата Елизабета Втора му даде благослов на принцот Хари и на неговата сопруга Меган Меркл да се повлечат од вишите кралски должности
Најмалку 57 луѓе загинаа во последните 24 часа во лавини во пакистанскиот дел на Кашмир
Следната среда, на 22 јануари 2020, на островите во северниот дел на Егејското море, односно оние што се најпогодени од бегалскиот/ мигрантскиот проблем ќе се одржи генерален штрајк поради владината политика за конкретното прашање, објавија грчките медиуми
Продажбата на автомобили во Кина во декември минатата година продолжи да се намалува, па за цела 2019 година овој пад изнесува 8,2 отсто, покажаа вчера објавените податоци на Кинеската асоцијација на производители на автомобили (ЦААМ)
Иран ќе ги казни сите што се одговорни за ненамерното соборување на украинскиот патнички авион, изјави денеска иранскиот претседател Хасан Рохани, додавајќи дека ќе биде спроведена темелна истрага за „трагичниот настан“
Бројот на стари лица во Германија кои се сиромашни или на работ на сиромаштија се зголемува од година во година, така што, како што откриваат бројките за 2017 година објавени од германското Биро за статистика, речиси секој петти пензионер е под ризик од сиромаштија
Претседателот на Јужна Кореја Мун Џае-ин изјави денеска дека е рано да се биде песимистичен во врска со застојот во разговорите за денуклеаризација меѓу САД и Северна Кореја, потенцирајќи дека соработката меѓу двете Кореи може да помогне во олеснување на патот за укинување на санкциите
Откако не успеа да го убеди Трамп да се повлече од напуштање на иранскиот нуклеарен договор, Макрон сега се обидува да го убеди да не ги повлекува трупите од Африка
Турското обвинителств издаде налог за апсење на 176 војници под сомнение дека се поврзани со мрежата на Фетулах Ѓулен, за кој Анкара тврди дека стои зад обидот за пуч пред три и пол години, јави државната новинска агенција „Анадолија“