САД одлучија да се откажат од оквалификувње на Кина како валутен манипулатор, се нагласува во извштај на Министерството за финансии. Исклучувањето од списокот беше направено во очекување на потпишување на првата фаза од трговскиот договор меѓу Вашингтон и Пекинг
На азиските берзи денеска цените на акциите се зголемија, а кинексиот јуан ослабна додека САД и Кина се подготвуваат за потпишување на првата фаза од тргоскиот договор
Во заклучоци од 57 научни извештаи објавени од 2013 година се покажува дека големи природни непогоди како што се пожарите во Австралија, можат да станат норма наместо исклучоци
Лавина во градот Херат, на крајниот запад од Авганистан, усмртила шест лица кога огромно количество снег се спуштило врз една куќа, јави аганцијата Анадолија
Либан повторно го доби правото на глас во Генералното собрание на ОН откако во петокот го платил долгот кон светската организација, соопшти портпаролот на ОН Стефан Дижариќ
Командантот на Либиската национална армија (ЛНА) Халифа Хафтар,кој си замина од Москва без да го потпише договорот за примирје со Владата во Триполи на Фаез Сараџ, изјави дека предложената ватијанта на документот игнорира голем број од барањата на ЛНА
Амриканскиот државен секретар Мајк Помпео синоќа изјави дека Касем Сулејмани е убиен во рамките на пошироката стратегија за одвраќање на заканите што претставуваат непријателите на САД, а која се однесува и на Кина и на Русија, ублажувајќи ги на тој начин тврдењата дека највисокиот ирански генерал е убиен бидејќи планирал напади на цели во САД
Франција и земјите од Западна Африка се согласија под заедничка команда да се борат против исламските милитанти во регионот Сахел во Африка, а Франција да испрати дополнителни 220 војници за зајакнување на военото присуство во регионот
Дваесет и еден саудиски воен питомец на обука во САД ќе биде протеран од земјата по истрагата за убиството на тројца Американци убиени од саудиски офицер кон крајот на минатата година во поморска база во инцидент што американскиот јавен обвинител Вилијам Бар синоќа го нарече терористички акт
Руски хакери навлегле во компјутерите на украинската енергетска компанија „Буризма“ каде работел Хантер Бајден, синот на поранешниот потпретседател Џо Бајден, објави денеска „Њујорк тајмс“