Иранскиот претседател Хасан Рохани го потпиша денеска амандманот на законот, со кој Пентагон е ставен на листата на терористички организации.
Поплава во една воздухопловна база во Израел предизвикана од обилни дождови оштети осум воени авиони, соопшти израелската војска.
Портпаролот на иранската Влада, Али Рабиеи денеска го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп поради неговите твитови во кои изразува поддршка за Иранците, наведувајќи оти тој „рони крокодилски солзи“.
Абела вчера беше избран за нов лидер на владеачката Лабуристичка партија, освојувајќи 58 отсто од гласовите на партиското членство, со кои потоа всушност го бираат новиот лидер на земјата.
Британската кралица Елизабета Втора денеска соопшти дека се согласила со желбата на принцот Хари и неговата сопруга Меган да водат независен живот од кралскиот двор и дел од времето да минуваат во Канада.
Премиерот на Абхазија Валериј Бганба, денеска ја презеде должноста привремен претседател на земјата, откако Раул Каџимба поднесе оставка, но ќе остане на чело на владата, изјави за ТАСС портпаролот на премиерот.
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска во Москва изјави дека е постигнат напредок во преговорите за Либија, но дека се уште не е потпишан договор за прекин на огнот во оваа земја.
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска го поздрави прекинот на огнот во Либија, што го иницираа Русија и Турција.
Унгарските власти уништија десетици илјади мисирки како мерка на претпазливост од појава и ширење на птичји грип.
Поранешниот каталонски лидер Карлес Пуџдемон денеска за првпат присуствува на седница на Европскиот парламент како европратеник, и покрај тоа што во својата матична земја – Шпанија се сосочува со наредба за апсење.