Британскиот амбасадор во Иран, Роб Макер, кој според официјален Лондон синоќа кусо време бил приведен во Техеран, денеска негираше дека учествувал во било какви демонстрации против иранските власти, како што претходно пренесоа некои тамошни медиуми
Австралискиот мегапожар, што беснее веќе 10 недели, конечно е ставен под контрола, соопштија денеска пожарникарите од Нов Јужен Велс
Ова го јавија словенечките медиуми според кои се работи за летало обележано со боите на американската влада
Украинскиот патнички авион Боинг 767, што во средата се урна веднаш по полетување од аеродромот во Техеран при што погинаа сите 176 патници и членови на екипажот, е ненамерна грешка на иранските вооружени сили, изјавија вчера ирански официјални воени лица
Обновата на Триумфалната порта во сирискиот град Палмира, што беше крената во воздух од џихадистите на Исламска држава во 2015 година, ќе чини околу еден милион долара, за Тасс изјави Дмитриј Медјенцев, претседател на Асоцијацијата на руските компании од секторот за камен, која ќе учествува во обновата на разурнатиот музејски комплекс
Кралицата Елизабета за утре го повика својот внук, принцот Хари, на „кризен состанок“ , за да разговара за идните аранжмани за него и неговата сопруга Меган, откако одеднаш, без никаква најава, двојката соопшти дека сакаат да се повлечат од кралските должности
Околу 13.000 лица денеска ќе бидат евакуирани од своите домови во Дортмунд, откако беа пронајдени неексплодирани бомби од Втората светска војна во овој германски град, соопштија локалните власти
Најмалку девет лица погинале, а повеќе од 1.000 летови се откажани, стотици илјади лица останаа без струја во седум американски сојузни држави, кога бурата, што со себе донесе снег, замрзнат дожд и град, ги погоди подрачјата од Тексас до Мичиген
Украинскиот премиер Олексеј Гончарук денеска изјави дека Украина ќе плати отштета од по 200.000 гривни ( околу 8.500 долари) на секое од семејствата на жртвите во несреќата на авионот на “Украинските меѓународни авиолинии” во Техеран
Иранските власти на кратко го притвориле британскиот амбасадор во Техеран, соопшти британското Министерство за надворешни работи, осудувајќи го апсењето како „грубо кршење на меѓународното право“