САД планираат да распоредат специјална оперативна група за регионот на Тихиот и Индиски Океан за да се спротивстават на влијанието на Кина и Русија во регионот, јави „Блумберг“.
Бугарското обвинителство го обвини министерот за заштита на животната средина Нено Димов дека намерно лошо раководел со кризата настаната заради рестрикциите со вода во градот Перник, на западот од Бугарија.
Двете најголеми политички партии во Северна Ирска, националистичката Шин Фејн и пробританската Демократска унионистичка партија денеска, после три години, се договорија за поделба на власта во регионалната влада.
Францускиот премиер Едуард Филип вечерва изјави дека на синдикатите ќе им испрати пишани предлози за владиниот план за пензиска реформа и додаде дека се надева дека до компромис сепак ќе дојде и дека ќе дојде до прекин на штрајковите што траат повеќе од 1,5 месец.
Врховниот суд на Шпанија денеска ја потврди одлуката со која се бара претседателот на каталонската Влада Ким Тора (56) да си замине од функцијата, затоа што во декември беше осуден на една и пол година забрана за извршување јавна функција.
Една 45-годишна жена била брутално нападната и убиена во парк за дресирање на кучиња од страна на нејзиното куче од белгиско-овчарската раса Малинуа, соопштија швајцарските судски власти, јавува дописникот на МИА.
Руското Министерство за надворешни работи и ја вратило на Украина протестната нота која официјален Киев и ја упати на Москва заради вчерашната посета на рускиот претседател на Крим.
Кралицата Елизабета Втора го молела нејзиниот внук принцот Хари да не го објавува соопштението дека тој и неговата сопруга Меган ќе се повлечат од високите должности во кралското семејство, пред да се договори со другите членови на семејството, но тој го игнорирал нејзиното барање.
Шведскиот премиер Стефан Левен изјави дека информацијата за можноста ракета да го соборила украинскиот авион во Иран е „многу сериозна“.
САД на украинскиот претсдател Володомир Зеленски му дале важни податоци за падот на украинскиот авион во Иран, соопшти украинското Министерство за надворешни работи